Фото: Илустрација

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“.

Според деталите од полицијата, во несреќата учествувале возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39) од Битола и патничко возило „хонда ЦВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Велес. Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата.

Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола“, Б.К.(30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телата на почнатите биле дадени на обдукција.