Доцна синоќа во населбата аеродром во сообраќајна несреќа загина 24-годишно момче од Скопје. Според информациите од МВР, загинатиот возел мотор и се судрил со автомобил „ауди 3“ на крстосница на булеварот „Јане Сандански“.

– На местото на незгодата починал мотоциклистот Д.А., а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција – се вели во соопштението на МВР.


Велешанец го загуби животот во сообраќајка на патот Градско-Велес

Педесет и седумгодишен велешанец загина во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на регионалниот пат Градско – Велес.

Според информациите, несреќата се случила кога Д.Н. со „фолксваген поло“ излетал од коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде што му била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршиле увидна екипа од СВР Велес и Јавен обвинител, по чија наредба телото на почнатиот е предадено на обдукција.