Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска потврди дека ја примил пресудата за случајот „Тенк“, но не и упатниот акт.
На новинарско прашање дали ќе поднесе жалба, Груевски рече дека ќе ги искористи сите правни механизми кои му стојат на располагање.
Во однос на исклучувањата од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски рече не ги знае сите аргументи за исклучувањата и затоа не може да даде коментар. Посочи дека знае дека сака силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ.
Прашан зошто не присуствувал и дали бил поканет на прославата организирана од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски кратко одговори дека покана добил, но имал други обврски.
Груевски денеска беше во Кривичниот суд на рочиштето за случајот „Титаник“ каде е еден од обвинетите за изборни нерегуларности.