За да избегне затворска казна за кражба, 30-годишна Гркинка побегнала во Македонија, каде што се породила, а во понеделникот се обидела на преминот Евзони на грчката страна од границата да ја избегне пасошката контрола и од Македонија во Грција да го внесе нејзиното двомесечно бебе скриено во патничка торба, по што била уапсена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
– Кога царинските службеници ја спроведоа предвидената процедура, изненадени открија дека во патничка торба носеше бебе на возраст од само два месеца. Контролата, исто така, откри дека за неа е издадена пресуда од судот во Солун, за затворска казна од три години за кражба. Под овие услови полицајците ја уапсија, а бебето беше дадено на нејзини роднини. Најверојатно жената во изминатиот период престојуваше во ПЈРМ, каде што го донесе на свет нејзиното дете-пишува грчката новинска агенција, пренесе МИА.