Изутринава во 2.15 часот Џ.М.(61) од Гостивар пријавил семејно насилство што го извршил неговиот син Х.М.(30).
Х.М. најпрво започнал вербално да се расправа со неговиот татко, а потоа физички ги нападнал своите родители, повеќе пати удирајќи ги со тупаници по главите и телата.
Набрзо по пријавувањето, Х.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.