Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го расчисти разбојништвото кое на 25.10.2019 околу 20 часот било извршено над 48-годишниот Г.С. од Република Србија и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави за М.Х. (33) и Љ.Х. (27), двајцата од гостиварското село Дебреше и Ш.Ј. (42) од гостиварски Равен.
Како што информира полицијата, тројцата се сомничат дека во близина на наплатната станица Гостивар, најпрво побарале да влезат во товарно моторно возило „сканија“, со српски регистарски ознаки, што го управувало Г.С, а потоа и физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле паричник со 9 000 динари, 50 евра, возачка дозвола и банкарска картичка. Нешто подоцна, пријавените се лишени од слобода и изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој им определил мерка притвор од 30 дена, по што биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје.