42-годишен жител на село Врапчиште се сомничи дека извршил тешка кражба од црква во Гостивaрско.
Според полицијата, вчера околу 11:10 часот на улица Гоце Делчев во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.