Скопјанка останала без злато откако гатачка и рекла дека ќе и помогне да го тргне „лошото“ од нејзиниот живот.
Како што соопшти МВР, јасновидка и кажала на В.С.(29) дека и е направено нешто лошо и и го земала златото, за наводно да го однесе во црква.
Откако гатачката дошла во нејзиниот двор со намера да и продаде женска гардероба на пријавителката, почнала да и зборува во врска со животот на В.С. дека некој и направил лоши работи и доколку сака истата може да ги отстрани. Откако пријавителката од дома донела разновиден златен накит, непознатата жена го ставила во чинија со вода и потоа и рекла дека ќе мора накитот да го однесе до црква, а потоа ќе и го врати. Непознатата жена го земала накитот и го напуштила местото на настанот и не се вратила.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.