Полицијата поднесе кривична пријава против С.К.(47) од Скопје, вработен во шпедиција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.
Тој во неколку наврати убедил лице од Скопје да учествува на неколку лицитации и од него побарал да уплати пари на сметки кои му ги доставувал.
Притоа, оштетениот уплатил вкупно 810.400,00 денари.
Откако по неколку дена, како што му било ветено, не ја добил стоката сфатил дека бил измамен, соопшти МВР.