Во полицијата е пријавено кривично дело „затајување“ извршено од вработен во спортска обложувалница во Кочани.
Според пријавата, на 4-ти месецов работникот во обложувалницата паричните средства од дневниот промет во износ од 967.611 денари, наместо да ги уплати на сметка на друштвото ги затаил. Наредниот ден не ги отворил обложувалниците и не ги предал во владение клучевите од просториите на сопствениците, со што предизвикал дополнителна штета.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.