Во Полициската станица Берово, синоќа во 8.00 часот, Б.С.(62) жител од село Русиново пријавил дека при рушење на стара куќа, во еден од ѕидовите, пронашол неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.
Од стручно лице од Дирекција за заштита и спасување, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.