Директорка на училиште во Карпош пријавила во полиција дека додека расчистувале просторија во училиштето пронашле куршуми, рачни бомби и алатки за активирање на мини. Полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР ги подигнале истите и констатирале дека се работи за училишни предмети.
– На 12.05.2021 во СВР Скопје, Т.С., директорка на училиште на подрачјето на Карпош, пријавила дека додека расчистувале просторија во училиштето заедно со вработениот М.Н.(43), пронашле 44 куршуми калибар 7х9, 3 рачни бомби м75 и седум алатки за активирање на мини, кои се подигнати од полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР, при што било констатирано дека станува збор за школски предмети – соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.