Полицајци од Тетово на 4 март упаднале во локал каде се организирала свадба со 110 гости.
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против угостителскиот објект и 35-годишен тетовец со иницијали К.К, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Како што информираат од МВР, на 4 месецов полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект каде биле затекнати 110 лица кои се забавувале на семејна веселба свадба.
Од инспектори од Државниот пазарен инспекторат локалот бил затворен, а пријавениот бил уапсен и спроведен во просториите на СВР Тетово.