На кумановската улица Октомвриска револуција утрово околу 6.30 часот се случила тешка сообраќајна незгода кога автомобил „сеат леон“ излетал надвор од коловозот и удрил во бетонски столб.
Во автомобилот биле двајца млади кумановци на возраст од 21 година кои се здобиле со тешки повреди. Веднаш биле пренесени во општата болница во Куманово, но кај едниот од нив лекарот само констатирал смрт, додека другиот 21-годишник поради сериозноста на повредите бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.