Од 130 контролирани возачи од страна на полицијата, синоќа во Скопје 16 управувале возило под дејство на алкохол. При акциската контрола, 60 возачи ја прекорачиле дозволената брзина и биле издадени се 56 мандатни и четири прекршочни платни налози.
Како што соопшти МВР, при контролата од 11 синоќа до 5 часот утринава, откриени се и 47 останати прекршоци за кои се издадени 28 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.