Во два одделни случаи, во текот на вчерашниот ден (22 мај) во главниот град биле пронајдени човечки тела во фаза на распаѓање.
Првиот случај во полиција бил пријавен во 14.53 часот.
Според пријавата, на улицата Анастас Митрев од стан во кој живеел 42-годишник, неколку дена се шириела непријатна миризба. При полициска интервенција во станот, телото на 42-годишникот било пронајдено во фаза на распаѓање.
Вториот случај бил пријавен речиси еден час подоцна, во 15.51, во полициската станица Бит Пазар.
Во овој случај скопјанец пријавил дека во разрушена куќа на улицата Филип Втори, инаку сопственост на 63-годишник, пронашол мртво тело во фаза на распаѓање.
И во двата случаја увид на местото на настанот извршиле екипи од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител пронајдените телаж се предадени на обдукција.