Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (13 август) спровела засилени контроли на територијата на град Скопје.
Како што информираат од МВР, изречени биле вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум за возење под дејство на алкохол, три за возење без возачка дозвола, 29 за непрописно паркирање.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел зголемена безбедност во сообраќајот.