Убиството кое се случи вчера во продавница на улицата Московска во скопската населба Тафталиџе е извршено од страна на сопственикот на продавницата со иницијали В.Ш. (55), кој по расправија со пиштол пукал кон С.Д. (55) кој инаку бил негов зет за сестра. Лицето С.Д. починало на лице место, додека Ф.Д. (25), внук од сестра, бил погоден со куршум во десната нога и бил пренесен во Ургентниот центар.
Причини за убиството се нарушени семејни односи и нарушени имотно-правни односи, соопшти МВР.
Полицијата го привела сторителот.