Пет мотоцикли се привремено задржани по сообраќајната полициска контрола спроведена ноќеска во Скопје, поради постоење сомнение дека во нив се вградени системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликуваат од основните, согласно член 54 од Законот за возила.
Како што соопшти полицијата, против сопствениците на мотоциклите ќе бидат преземени мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај и Закон за возила.
Во акцијата што ја реализираа Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Скопје и Полициското одделение за сообраќајно ескортно обезбедување, од 20 часот синоќа до 1.30 часот утрово, преземени се вкупно 27 мерки за сторени сообраќајни прекршоци по разни основи.
Акцијата е дел од посебните активности за спречување на организирање и учество во диви трки на мотоциклисти.