Голема полициска акција е во тек во непосредна близина на граничниот премин Богородица.
Според информациите запленета е марихуана вредна околу 200.000 евра.
Уапсени се пет лица, тројца албански државјани и двајца македонски државјани.
Од МВР само потврдуваат дека е во тек акција за заплена на дрога, а детали најавуваат за утре.