Педест и деветгодишен жител на Кочани се здобил со тешки телесни повреди и изгореници од пожар што се случил доцна синоќа во семејна куќа на улицата „Браќа Ставреви“.
Во гаснењето на огнот и извлекувањето на повредениот учествувала екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, која за краток период успеала да спречи проширување на огнот врз соседните објекти.
– Интервениравме со едно возило и тројца пожарникари, при што настраданиот го затекнавме паднат врз шпорет. Успеавме веднаш да го извлечеме надвор, по што помогна екипа од итната медицинска помош- истакна Благој Паунов, командир на пртоивпожарната единица.
Повредениот веднаш бил пренесен во кочанската болница, а поради тешките повреди и изогреници со возило на итната медицинска помош е препратен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Првичните претпоставки се дека се работи за несреќен случај, а потврда за причините за пожарот треба да се со добие од увидот што го направија надлежните органи.