Утрово во пожар на куќа на улица Никшичка во Прилеп животот го загуби 72 годишната прилепчанка, Олга.С.
Таа изгорела во сопствениот дом. Пожарникарите спасиле уште шест други лица од семејството, извлекувајќи ги преку балконите од куќата.
Дополнително ќе се утврдува причината за појавата на пожарот.
Жената што изгоре живеела на долниот кат од куќата и се греела со дрва.
Ка.М.