Четириесетгодишен работник од Албанија бил донесен во болница во Охрид со тешки повреди, со кои се здобил додека работел на објект. Тој во болницата им подлегнал на повредите.
– На 5.7.2021 во 21:20 часот во СВР Охрид од Општа болница Охрид било пријавено дека кај нив бил донесен повреден Т.Ч.(40) од Р Албанија, кој со повреди се здобил околу 16:00 часот, извршувајќи работни задачи на место викано ‘Грагорица’, во атар на с. Свиниште. По укажаната лекарска помош, тој им подлегнал на повредите – соопшти МВР.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител, полициски службеници од СВР Охрид и инспектор.