Во атарот на кумановското село Отља во месноста викана Краиште, на 21 март во попладневните часови починал 70-годишник кој бил затрупан од одрон од земја.
Како што информираат од МВР, 70-годишникот работел на санација на резервоар за вода што го користел за сопствени потреби, па влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од одрон од земја и починал.
На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.