На автопатот за Куманово кон селото Табановце, во комбе „фиат дукато“, со велешка регистрација, полицијата пронашла 17 мигранти од Бангладеш.
Како што информираат од МВР, во раните утрински часови на 26 септември комбето не застанало на даден занк од полицијата и се вратило назад кон Куманово.
Набргу возачот сепак запрел, а при преглед на возилото биле пронајдени 17 мигранти од Бангалдеш, од кои осуммина биле малолетници.
Тие се привремено сместени во транзитниот центар во Табановце, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.