Кичевската полиција денеска го привела 41-годишниот Х. Ф. од селото Горно Строгомиште, кого го барале со потерница од прилепскиот затвор за доиздржување на казната затвор во траење од една година, еден месец и 20 дена.
Како што информираат од МВР, тој бил осуден за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Според полицискиот извештај, 41-годишникот веќе е спроведен во прилепскиот затвор.