Скопската полиција денеска извршила контрола во помошни простории во зграда на скопската улица Цветан Димов, во населба Чаир, при што пронајдени и запленети биле автоматска пушка „калашников“, две рамки и 22 куршума.
Како што информираат од МВР, пронајдените предмети се дадени на вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот кој претставува кривично дело казниво по член 396 од Кривичниот законик.