По претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, денеска (27 мај) полициски службеници извршиле претрес во домот на 53-годишниот С.Д. од Куманово.
Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени 45 лица – мигранти од разни држави од Блискиот исток.
С.Д. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.