Осуммина мигранти од Пакистан затекнале полициските службеници при потера по автомобил „ауди“ на автопатот Гевгелија – Скопје.
Како што информираат од МВР, во вечерните часови на 18. септември, кај местото викано „Први тунели“, полицајци дале знак за запирање на „аудито“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало.
Набргу потоа во близина на бензинска пумпа кај Демир Капија од возилото се истовариле осум лица, за кои при проверка било утврдено дека се мигранти од Пакистан.
Тие биле предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.