Во вечерните часови на 16 август, 26-годишник од Арачиново со иницијали Ш.О. во полиција пријавил дека кон неговиот автомобил „ауди а4“ било пукано додека со него се движел низ селото, со неговата мајка Џ.О. (45) и неговиот брат А.О. (20) како сопатници.
Според пријавата, пукано било исто така од автомобил „ауди a4“ во движење, кој имал германска регистрација и во кој биле О.М. (36) од Арачиново и С.Ќ. (26) од селото Љуботен.
Во инцидентот било оштетено возилото на 26-годишникот кој го пријавил нападот. Повредени лица нема, а според пријавата, причина за пукањето биле нарушени семејни односи.
По наредба на јавен обвинител, пријавителот и неговиот брат исто така биле приведени во полициска станица, поради сомнение дека и тие употребиле огнено оружје.
По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.