Околу 8.30 часот изутрината во центарот на Прилеп се случил вооружен грабеж, кога тројца вооружени напаѓачи насилно влегле во златарницата која е во старата прилепска чаршија и се заканиле на продавачката и потоа заминале со пленот.
Како што информираат од СВР Битола крадците од сопственичата успеале да одземат злато, а притоа и нанесле и телесни повреди.
Сведоци на разбојништвото биле околните дуќанџии. Полицијата го потврдува настанот, но се уште се прави увид.
Ка.М.