Возило во кое имало 12 мигранти се преврте во близина на Градско, бегајќи од полицијата која го следела.
Според информациите од МВР, настанот се случил утрово, а двајца мигранти се пренесени во болница на укажување на лекарска помош.
Со возилото управувал 23-годишник од Прешево, Србија, кој е приведен.
– Во 5.30 часот кај клучката Демир Капија, возилото било забележано и на даден знак за сопирање од полициски службеници возилото не застанало, туку ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, а потоа кон Градско. На излезот од Градско, возачот М.Ф. изгубил контрола и возилото се превртело – соопшти полицијата.