Полицијата поднесе кривична пријава против А.М.(32) од селото Удово, Валандовско, вработен како возач во фирма во Богданци.
– На 3.12.2020, при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека А.М. управувал автобус, сопственост на фирмата, во кој превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за максимум 50 проценти од вкупниот капацитет на возилото – соопшти полицијата.
Со тоа, како што велат од МВР, постојат основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.