Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема мерки и активности за утврдување на законитоста на постапувањето на полициски службеници кои привеле момче, кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на полицискиот час.
– Во текот на утрешниот ден, јавноста ќе биде соодветно информирана за исходот од проверките Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот – соопшти полицијата.
На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат полициски службеници како, со два автомобили и едно комбе, приведуваат момче кое шетало со својот миленик.
На Фејсбук по повод случајот се огласија министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и заменик-министерката Славјанка Петровска.
Чулев најави расчистување на случајот преку објава на неговата официјална фејсбук-страница.
Петровска даде видување за случајот коментирајќи го на нејзиниот фејсбук-профил.