Врз основа на искажаните сомнежи во текот на минатата недела за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов, денеска ќе поднесеме кривичен поднесок за злоупотреба на службена должност и овластување, несовесно работење во служба и корупција и судир на интереси, изјави Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ќе поднесеме поднесок сѐ со цел да го охрабриме Јавното обвинителство да се позанимава малку со овој очигледен крими шема скандал што го обзнанивме. Имено, зетот на секретарот на Петре Шилегов, односно вториот човек во Градот Скопје успеал да земе фрапантни 500.000 евра како дел од тендерот за т.н. противпожарна скала – рече тој.
Се надеваме, додаде Нелоски, дека конечно Јавното обвинителство ќе се охрабри и ќе ги обзнани и ќе ги побара сите факти поврзани со овој случај, а се разбира и дека граѓаните на Скопје ќе ја добијат правдата за нивните потрошени пари.