Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, негираше дека на 27 април 2017 година воопшто зборувал за конститутивната седница на парламентот со останатите тројца обвинети во случајот, изразувајќи жалење за настаните од тој ден, во неговото денешно сведочење како првообвинет за организирање на насилниот упад.
Веланоски даде хронологија на настаните и ја објаснуваше процедурата на водење на седниците. Тој смета и дека „сите се жртви на тој настан“.
Денешното рочиште беше прекинато на барање на обвинителката Вилма Рускоска, поради денешната полициска акција во Скопје.