Седумдесет и двегодишниот Б.Ѓ.(72) од Велес починал вчера откако се лизнал додека ги полевал дрвјата во дворот и паднал од висина од околу 10 метри на задниот дел од куќите на неговите соседи.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 08.40 часот, а се случил на улица „Богдан Прличков“ во Велес.
– Екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници го извадиле Б.Ѓ. од непристапниот терен, по што со возилото на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, каде била констатирана смрт-наведуваат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.