Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од надојдената вода во Вардар. Како што информира полицијата, вчера во 14.47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Белештевица, Велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар.
При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото било пронајдено, додека по С.Н. сѐ уште се трага и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.