Слушнавме многу мислења од колеги дека би требало да има осветлување на автопатот, подобра сигнализација и поставеност на знаците – сите се во право, вели Јасен Ишев од бугарскиот Научно-технички сојуз за транспорт, кој надлежен за контрола за безбедноста на патиштата, во врска со состојбата на автопатот „Струма“ на кој се случи трагичната автобуска несреќа, пренесува „Дарикњуз“.
– Сето ова придонесе за голема неволја. За жал, како контролори за безбедноста на патиштата, ние не учествуваме во инспекциите кои треба да бидат спроведени, Прво мора да бидат поставени неопходните знаци, иако не би биле толку видливи како преку ден. Потребен е и нов вид на заштитна ограда – посочи Ишев, додавајќи дека ваквата ситуација не смее да се повтори.