На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“, осомничениот Бојан Јовановски започна со презентирање на инстаграм фотографии како доказен материјал.
Тој изјави дека инстаграм фотографиите можат да се приложат како доказ затоа што на социјалните мрежи се регистрира датумот и времето кога е направена фотографијата. Воедно Јовановски напомена дека тие предмети што ги опишува се одземени од Обвинителството.
„Станува збор за фотографии од предмети кои беа земени од Обвинителството и тоа претставува еден преседан“, започна Јовановски, по што беше прекинат од судијката рече Васка Николовска Масевска: „Не сте тука да давате завршен збор”.
При изложувањето на доказите Јовановски кажа дека прикажаните фотографии се направени во период од 2013 до 2019 година.
Осомничениот наведува каква облека, накит, аксесоари или чанта носи на предметната фотографија, како и од кој бренд се предметите и датумот кога е објавена фотографијата на социјалната мрежа Инстаграм.
Дел од мидните парчиња што ги прикажа Јовановски беа чевли „Луј Витон“, торба од марката „Фенди“, бродарици марка „Шанел“, шапка „Мисони“, очила за сонце „Шопард“, каиш „Луј Витон“, кратки куси пантолони марка Дискверт, шешир „Панама“, „Балман“ ленена блуза, „Џејкобс“ накит, „Том Форд“ наочари, торба „Баленсиага“ која му била подарок од Марина Туцаковиќ, џемпер „Макси ко“, наочари „Шанел“, торба „Ив Сент Лорен“, блуза марка „Диор“.
Денешното рочиште ќе продолжи со приложување на докази од страна на осомничениот Јовановски. Како што е предвидено, осомничената Катица Јанева на денешното рочиште треба да ги предложи нејзините сведоци.