Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и неговиот татко Миле Јовановски денеска ќе одговараат нa прашања од обвинителката Вилма Русковска за измамите правени преку Меѓународниот сојуз.
Русковска прво ќе го испрашува Миле Јовановски, а точно напладне во обвинителството ќе пристигне и Боки 13.
Според истрагата, тие се обвинети за перење пари за што го користеле Меѓународниот сојуз формиран од Бојан Јовановски.
Во овој случај осомничени се и пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ Фросина Ременски, потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот, Христина Блажевска.