Бобан Илиќ повторно е осуден на шест години затвор во случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, врз основа на обвиненија за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Ова е втора пресуда, откако Апелација го врати случајот на повторно судење, со што казната која ја одреди судот во Куманово останува иста.
Во првиот судски процес обвинителството ги преквалификува обвинувањата на Илиќ, кој првично се товареше за убиство со умисла.
Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година, по расправија во болницата. Таткото, чичкото и братучедот на Алмир, исто така, се осудени во случајот, за насилство.