Нарушен јавен ред и мир во автобус на ЈСП
Двајца малолетници го нарушиле јавниот ред и мир во автобус на „Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.“ Откако биле пријавени, полициски службеници ги претресле, по што кај нив пронашле електрошок и боксирач.
Носеле ножеви и пендреци
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров извршиле преглед кај Е.С. (25) и Н.Н. (25) од Скопје, при што пронашле нож и метален пендрек на расклопување. Двајцата биле приведени поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирањето на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Уапсени поради тешка кражба во „Сити мол“
Две лица биле уапсени поради сомнение за сторено тешко кривично дело „тешка кражба“. Во трговскиот центар „Сити мол“, полицијата ги уапсила К.Г. (44) од Албанија и П.Г. (49) од Италија. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Уапсен возач на бугарска граница
На граничниот премин Деве Баир, при извршена контрола на лицето В.А.(65) од Турција, кое управувало товарно моторно возило „волво“ и полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека зелените карти на возилото и полуприколката отстапувале по бојата и перфорацијата од оригиналната, а серискиот број бил испечатен. Тој бил уапсен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
Излетала од коловоз кај Росоман
На регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај селото Рибарци, патничко возило „мицубиши лансер“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од триесет и осумгодишната Ж.С. од Кавадарци, излетало од коловозот. Во незгодата, жената добила тешки телесни повреди, по што била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна полиција.
Загинал во рудник во Прилеп
Во рудник во Прилеп починал Д.З. (67), кој паднал од камионот „сканија 113“ што го управувал. Тој бил пренесен во општата болница во Прилеп, каде што од лекар било констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.