Со автомобил излетал од пат кај Ласкарци
На автопатот Мајка Тереза, на мостот над локалниот пат што го поврзува Бојане со селото Ласкарци, патничко моторно возило БМВ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И. (45) од Гостивар, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски ѕид од мостот. Во незгодата тешки телесни повреди добил возачот, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување лекарска помош.
Прегазен пешак на кванташкиот пазар во Струмица
На кванташкиот пазар во Струмица патничко моторно возило „мазда 3“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Н. (45) од селото Миравци – Гевгелиско, удрило во пешакот В.Џ. (57) од селото Стојаково. Во незгодата тешки телесни повреди добил пешакот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, за укажување лекарска помош.
Кавадарчанка касната од куче во Кисела Вода
Во полициската станица во Кисела Вода Н.В. (26) од Кавадарци пријавила дека на улицата Михаил Чаков била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница. Во полициската станица во Карпош, пак, П.М. (78) од Скопје пријавил дека на улицата Јуриј Гагарин бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
Пожар во куќа во Тработивиште, Делчевско
Четириесет и четиригодишниот И.С. од Делчево во полициската станица во Делчево пријавил дека во селото Тработивиште настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Т. (52), при што целосно била опожарена сушилница за шумски плодови и печурки. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Делчево.
Нападнато обезбедувањето на Управата за матични книги
Во Секторот за внатрешни работи – Скопје, С.Н. (47) од Скопје пријавила дека околу 13.40 часот, додека извршувала работни задачи како обезбедување во Управата за матични книги на улицата Кеј 13 Ноември, била физички нападната од едно лице. С.Н. била пренесена во градската општа болница „Св. Наум Охридски“, за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пронајдена марихуана кај шеснаесетгодишник во Кичево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кичево поднесе кривична пријава против шеснаесетгодишник од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.