Во Скопје уапсена прилепчанка за дрога
Полицијата од Скопје, на кејот „Димитар Влахов“, ја уапсила триесет и шестгодишната Н.И. од Прилеп, затоа што при преглед кај неа била пронајдена прашкеста материја. Поради поседување прашкеста материја, на Бит-пазар, уапсен бил и Е.Ќ. (38) од Богданци.
Уапсен поради поседување нож
На булеварот Кочо Рацин, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје, го уапсиле триесет и тригодишниот Е.А. од Скопје, затоа што при претрес, кај него бил пронајден нож, со што тој го прекршил Законот за оружје.
Каснати од улични кучињаво Аеродром
Во полициската станица во Аеродром, Н.Е. (49) од Скопје пријавил дека на булеварот Кузман Јосифовски -Питу бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.
Стружанец крадел при полицискиот час
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“, ОВР-Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (31) од Струга. За време на полицискиот час полициските службеници го затекнале пријавениот на улицата Боро Хаџиески-Путе во Струга. По дополнително преземени мерки, констатирано е дека тој извршил тешка кражба во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде што, по насилно влегување, противправно одзел повеќе видoви машини и апарати.
Тепачка во Прилеп
Четириесет и петгодишниот Р.Р. од Прилеп пријавил дека во неговиот дом на улицата Дебарца во Прилеп, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу таткото и неговиот син И.Р., од една страна, и уште две лица, од друга страна, со кои пријавувачот се познавал, по што во еден момент едниот од противниците извадил пиштол и испукал во воздух. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.