Седумдесет и седум годишниот велешанец Л.С. денеска е пронајден мртов во реката Вардар, во близина на село Кочилари.
Случајот во СВР Велес го пријавил жител на село Кочилари денеска околу 10 часот.
Како што информираат од СВР, на трупот нема траги на насилство, а по завршување на увидот е утврдено дека се работи за 77-годишниот Л.С.
По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.