Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по неговото сведочење во Кривичниот суд изјави дека очекува судските власти да го расчитат случајот „Монструм“.
– Да нема селективна правда. Токму вакви случаи нѐ примораа нас да размислуваме за имплементација на ветинг во судството. Ние очекуваме судските власти да го разработат случајот и да го осветлат. Ние како политичка партија плативме висока цена, сите нѐ обвинуваа дека ние сме актери, дека ние сме поврзани со случајот и повеќе отколку нас што сакаме да се расветли овој случај нема никој друг, затоа што политичката цена ја плаќаме ние – рече Ахмети.