Вчера на потегот помеѓу селата Трпејца и Лубаништа, на брегот на Охридското Езеро, пронајдена е артилериска граната со калибар од 122 мм, по потекло од Првата светска војна. По добиената информација гранатата е подигната од страна на пиротехничар од ДЗС ПО Кичево и дислоцирана на безбедно место со останатите убојни средства пронајдени летово во овој регион.
– Вчера на брегот од Охридското езеро на потегот помеѓу селата Трпејца и Лубаништа, пронајдена е артилериска граната со калибар од 122 мм по потекло од Првата светска војна. Гранатата е подигната и превземена од самото место од пиротехничар од ДЗС ПО Кичево, транспортирана и складирана на безбедна локација, заедно со останатите убојни средства пронајдени во овој регион последните неколку месеци и, ќе биде уништена при првата наредна акција за уништување на убојни средства на воениот полигон Криволак – рече Драгољуб Попоски, пиротехничар одговорен за подигање и уништување на убојни средства во овој регион.
Инаку, забележливо е зачестеното пронаоѓање убојни средства во последно време во овој регион. З.А.