Апелациониот суд на 4 ноември ќе одлучува за затворската казна на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и останатите обвинети во предметот „Титаник 2“.
Судија известител за предметот е Тања Милева. Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ изречена во март годинава, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше осуден на три години затвор, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на 3,2 години,поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, на 4,5 години и Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска на 3 години затвор.
Судот го прифати барањето на СЈО и по изрекувањето на пресудата им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Мијалков и Ибраими излегоа од притвор бидејќи станува збор за скратена постапка.