Државјанин на Албанија искршил дел од апаратите во казино во Кичево, по што се онесвестил.
Според информациите на МВР, вчера во 15 часот во полиција било пријавено дека едно лице оштетило дел од апаратите во казино на бул. „Ослободување“ во Кичево, по што му се слошило и паднало во бессознание.
Лицето било пренесено во комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје, а по преземени мерки било утврдено дека се работи за В.Џ.(48) од Албанија, кој претходно испил поголема количина алкохол и таблети.